Возачот на Дукати, Франческо Бањаја победи во трката на ГН на Италија на патеката Муџело. Бањаја беше најбрз на патеката, а се се чинеше дека Хорхе Мартин ќе го освои второто место.
Меѓутоа во последниот круг, Енеа Басианини, клупскиот колега на Бањаја го претрка и така ја освои втората позиција. На четвртото место заврши Марк Маркез, додека во топ 5 влезе и Акоста.
Претходно Бањаја триумфираше и во спринтот на истата патека.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА