Победа на Белорусија над Турција уште вечерва ја носи Македонија во осминафинале

ЕКИПА во Љубљана,

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Македонија може да обезбеди пласман во осминафиналето на Европското првенство  доколку во натпреварот кој стартуваше од 20:30 часот Белорусија ја победи Турција. Во еден таков случај, Белорусија би имала пет бода, но без можност да ја загрози Македонија, а утре во последниот натпревар Финска и Турција меѓу себе ќе одлучуваат околу четвртиот патник во осминафиналето од оваа група после Русија, Словенија и Македонија.

Во случај, пак, ако Турција вечерва ја победи Белорусија тогаш останува до утре да го чекаме исходот од натпреварот меѓу Финска и Турција.

Со денешна победа на Турција над Белорусија, а очекувајќи го утрешниот дуел меѓу Финска и Турција, има само две опции кои нас не ни одговараат на патот до осминафиналето:

1. Победа на Турција вечерва над Белорусија со 3-0, 3-1, и било каква победа на Финска утре над Турција

2. Победа на Турција вечерва над Белорусија со 3-2, и победа на Финска утре со 3-2.

Македонската селекција, пак, во осминафиналето ќе патува во Нант, вкрстувајќи со селекција од Групата А. Можен противник, во зависност од финалната разврска во оваа група, е Франција или Италија.

Се вчитува...