Јувентус дојде до 13-тата победа во Серија „А“ и забележа скок на табелата и покрај одземените 15 бодови од италијанската федерација. Јуве и натаму има проблеми со победите, а вечерва во Торино со минимални 1-0 го совлада тимот на Фиорентина.
Херот на „Старата Дама“ беше Адриен Рабио кој го постигна голов вреден победа во 34. минута од средбата.
Интересно беше продолжението на мечот, во кој беа поништени два гола поради офсајд. Најпрво на Јувентус на Влаховиќ, а потоа и на Кастровили од Фиорентина.
Јувентус до крај трепереше за победата, но на крајот дојде до неа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА