Кал Крачлоу е победник на возбудливата втора трка од Мото ГП шампионатот што денеска се возеше во Аргентина. Британецот извозе одлично и ги искористи проблемите на ривалите стигнувајќи до својата трета победа во Мото ГП, искачувајќи се на врвот во генералниот пласман.
Сепак, трката ја одбележа битката меѓу шампионот Марк Маркез и „докторот“ Валентино Роси, откако Шпанецот го истурка италијанскиот мотоциклист од патеката. Роси на крајот заврши на 19. место, Маркез доби казна од 30 секунди поради инцидентот и финишираше како 18. Актуелниот првак по трката замина во гаражата на Роси да му се извини на големиот ривал, но Валентино не го прифати неговото извинување.
Јохан Зарко на Јамаха го освои второто место, пред Алекс Ринс, Џек Милер и Маверик Виналес.
Unbelievable scenes at the #ArgentinaGP as @marcmarquez93 heads to @ValeYellow46‘s box to apologise ???#TermasClash pic.twitter.com/5ZT4CwSd9t
— MotoGP™??? (@MotoGP) April 8, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА