Противникот на Вардар во 2. коло од квалификациите за пласман во најмладото натпреварување на УЕФА, Конференциската лига, Лозана славеше со 3-2 на домашен терен против Винтертур на стартот на новата сезона во шампионатот на Швајцарија.
Гостите поведоа со 0-1 со голот на Бејер во 43. минута. На 1-1 израмни Диаките во 61. минута. Само три минути подоцна Винтертур стигна до ново водство 1-2, додека на 2-2 израмни Сене во 81. минута. Конечните 3-2 беа дело на Диаките во 93. минута.
За потсетување Вардар првиот натпревар го доби со 2-1, а реваншот е во четврток.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

