Македонската репрезентација до 21 година, ја совлада селекцијата на Гибралтар во квалификациите за пласман на Европско првенство. Со тоа момците на Драган Канатларовски се вратија на победничките патеки, после трите последователни порази.
Победата е минимална, се очекуваше можеби поубедлив триумф, со оглед на противникот, сепак, победа е победа, три бода се три бода, и на овој триумф не треба да му се „гледа во заби“.
Со тоа момците на Драган Канатларовски се вратија во игра за пласман на Европското првенство, остварувајќи ја и втората победа во квалификациите. Сега на ред е Шведска, која веќе ја совладавме на гостински терен. Дуелот се игра на 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“. Со победа и тоа како се зголемуваат шансите за пласман на големиот собир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА