Наполи ја продолжи трката за првата позиција во Серија А со Интер и Милан откако во 21. коло славеше на домашен терен против Сасуоло со 1-0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Лоботка кој ја затресе мрежата во 7. минута од средбата, гол кој беше доволен за Наполи да им се врати на победите.
Новиот триумф на неаполитанците остана во сенка на повредата на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој во 56. минута мораше принудно да го напушти теренот откако се пожали на повреда.
Наполи со 43 освоени бодови е изедначен со Милан на втората позиција на табелата, но „росонерите“ имаат натпревар помалку во однос на ривалот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

