Македонскиот фудбалски второлигаш Охрид славеше на првиот подготвителен натпревар за вториот дел од сезоната против српска Јагодина со 2-0. Стрелци за охриѓани на натпреварот кој се играше на „Билјанини извори“ беа Александар Целески во 60. и Дамјан Божиновски во 72. минута.
Следниот предизвик охридскиот тим го очекува на 30. јануари кога ќе се сретне со прволигашот Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА