Рајн Некар Левен славеше убедлива победа против Гумерсбах со 34-20, во натпреварот од 19.коло во Бундеслигата и сега е на втората позиција на табелата со еден бод помалку од водечкиот Фленсбург.
„Лавовите“ ја потврдија фаворитската улога и беа во предност во текот на целиот натпревар. На крајот од првиот дел водеа со 16-13, но посебно доминантно го одиграа второто полувреме во кое го прегазија противникот и ја зголемија позитивата на дури 14 гола.
Од двајцата македонски репрезентативци во составот на Рајн Некар Левен, Филип Талески доби шанса и постигна еден гол, а Дејан Манасков и на овој меч остана на клупата. На неговата позиција голгетерски расположен беше Ислаѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон кој го предводеше нападот на Рајн Некар Левен со 11 гола. Енди Шмит додаде девет гола за домашниот состав, а кај гостите најефикасен беше Јулиус Кун со пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА