Победа на Рајн Некар Левен, Талески и Манaсков без голови

Рајн Некар Левен го победи Лемго на гостински терен со  28-33, во натпреварот од 22.коло во Бундеслигата. За „лавовите“ од Манхајм ова е 19 победа во германскиот шампионат со која го симнаа Кил од втората позиција со еден бод повеќе и еден натпревар помалку.

Двајцата македонски репрезентативци немаа голема улога во новиот триумф на Рајн Некар Левен. Филип Талески влезе во игра на пет минути пред крај, доби едно исклучување, но не успеа да се запише во листата на стрелците. Дејан Манасков не доби шанса да заигра на овој дуел покрај расположениот Гудјон Валур Сигурдсон. Исланѓанецот беше најефикасен играч на теренот со 11 гола од 12 обиди. Уште една одлична партија на голот на Рајн Некар Левен имаше Швеѓанецот Михаел Апелгрен со 17 одбрани.

Се вчитува...