Женската ракометна репрезентација на Македонија до 17 години ќе се бори за 21. место на Европското првенство откако денеска славеше над Фарски острови со 31-28.
Нашите девојки одиграа феноменално второ полувреме во кое успеаја да направат целосен пресврт и да ја анулираат негативата што ја имаа на пауза од 10-17 и на крајот да слават со 31-28.
Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Трифуноска со десет и Беровиќ со седум гола, а голманката Илиоска имаше осум одбрани.
Во недела Македонија ќе игра против Романија во меч за опстанок во елитата во оваа категорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

