Победа на селекцијата до 17 години против Кипар, пораз на фудбалерите до 15 години од Турција

Младата репрезентација на Македонија до 17 години славеше убедливо со 3-0 против соодветната селекција на Кипар на првиот од двата предвидени пријателски натпревари во Струмица.

Избраниците на селекторот Дашмир Беари одиграа одличен меч, беа подобри од противникот во текот на сите 90 минути. Уште на стартот на натпреварот, Македонија наметна иницијатива и создаваше можности пред противничкиот гол. Подобрата игра ја крунисавме со постигнување на погодок во 26. минута од средбата. Стрелен на водечкиот гол за нашите млади фудбалери беше Албион Муслиу. Марко Киш во 33. минута постигнува нов гол за предност на полувремето од 2-0 за Македонија.

Во продолжението, на самиот старт, нов погодок за Македонија. Во 47. минута Адмир Латифи постигнува погодок и ги поставува конечните 3-0.

Втората контролна средба овие две селекции ќе ја одиграат на 24 август.

Македонија У17: Давид Илоски, Игор Ристов, Никола Ангелов, Лука Атанасовски, Емир Шаботиќ, Адмир Латифи, Каменчно Андоновски, Хисар Али, Марко Киш, Албион Муслиу, Един Етоски;

Селектор: Дашмир Беари

 

Младата репрезентација на Македонија до 15 години, пак, беше убедливо поразена од соодветната селекција на Турција во рамките на првиот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции. Во Истанбул, домашната селекција одигра одличен меч, особено во првото полувреме, беше подобар противник и забележа убедлива победа со резултат од 4-0.

На оваа контролна средба, избраниците на селекторот Драган Начески пропуштија неколку добри прилики за постигнување гол.  Нашите млади фудбалери одиграа далеку подобро второто полувреме, во кое наметна своја игра и создадоа неколку добри можности за гол.

Во 55. минута Георгиевски испрати одличен удар, кој беше скротен од голманот на Турција. Три минути подоцна во нова добра можност се најде Петковски, но домашниот голман одново успеа добро да интервенира. Темелков во 70. минута се најде во добра ситуација, но топката во последен момент беше расчистена пред гол линијата. Џангаровски во 76. минута одлично биеше од слободен удар, но не успеа да погоди. Во 80. минута Селими се најде во добра ситуација, но неговиот удар во последен момент беше изблокиран од противничкиот играч

Македонија: Даријан Денковски, Горјан Петковски, Мартин Џангаровски, Антонио Атанасов, Михаил Митревски, Матеја Масев, Бленди Љачка, Андреј Цветковски, Фадиљ Исламовиќ, Ердин Мамути, Јаков Стојковски;

Селектор: Драган Начевски

Се вчитува...