Филип Талески со Рајн Некар Левен славеше победа на гостувањето против Лудвигшафен со 18-26, а Вецлар со Филип Миркуловски загуби на гостински терен од Лемго 28-26 во натпреварите од 16.коло во Бундес-лигата.
Актуелниот германски шампион беше апсолутен фаворит против Лудвигшагфен кој е во долниот дел на табелата и тоа го потврди и на терен со доминација од првата до последната минута. Менсах Ларсен постигна шест, Богдан Радивојевиќ реализира пет, а Гудјон Валур Сигурдсон четири гола за Рајн Некар Левен. Талески на овој меч остана без погодок.
Вецлар беше во инфериорна позиција во текот на целиот натпревар. Лемго имаше предност од 15-11 на полувремето, а потоа домаќините ја сочуваа позитивата до крај и со шестата победа го потиснаа Вецлар на 10.место на табелата. Александер Херман со шест гола го предводеше нападот на Вецлар, а Миркуловски заврши со еден погодок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА