Армејците од Москва се вратија на врвот во Евролигата откако на домашен терен го совладаа Анадолу Ефес со 80-77 (25-24, 17-11, 23-17, 15-25). Одбраната која ја поставија избраниците на Димитрис Итудис во вториот дел од натпреварот беше непробојна за гостинскиот состав што се покажа како клучен фактор за добивање на овој натпревар.Хајнс не беше шутерски расположен на стартот, но тука беше Кори Хигинс за да ги поправи грешките на своите соиграчи. Полека „армејците“ таложеа предност, но нивните грешки ги искористија кошаркарите од турскиот клуб во моменти на седум поени позитива (15-8) кои требаше да биде задржана. Во вториот период, Итудис го надмудри Перасовиќ во областа на одбраната, ЦСКА прими само 11 кошеви, а уфрли 17 со кои доби предност од 42-35 на полувремето. Серија од промашени шутеви од далечина на двете страни го одбележаа третиот период во кој домаќините ја направија најголемата предност од 13 поени (63-50). Последната четвртина мина во слична атмосфера. Одбраната на домаќините не беше на највисоко ниво, но изнудените пенали беа успешно реализирани, а играта беше сведена рутински.Најефикасен во победничкиот табор беше Нандо де Коло со 14 поени, Хајнс уфрли 13, Кори Хигинс два помалку. Ертел со 22 поени беше најефикасен кај Ефес, Ханикат постигна 16 поени.
По новиот триумф, ЦСКА Москва одново се врати на врвот на табелата во Евролигата, Реал Мадрид е веднаш под, на втората позиција додека Анадолу Ефес по денешниот пораз е на деветтата позиција, веднаш под линијата за плејофот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА