Победа на Вардар против Татран Прешов во драматичен финиш

По двете победи на домашен терен, ракометарите на Вардар стигнаа и до првите гостинки бодови во новата сезона во регионалната СЕХА лига. Во натпреварот од 3.коло, Вардар на гостувањето во Словачка го победи Татран Прешов со  26-27.

Домаќините беа поуспешни во првата четвртина од натпреварот  и одржуваа 2-3 гола предност. Во последните десет минути од првото полувреме вардарци ја презедоа контролата и на одмор заминаа со предност.

Татран Прешов имаше водство од 10-7 во 19.минута, но потоа остана без погодок до крјаот на првиот дел, а Вардар направи серија од 6-0 и го заврши првото полувреме со водство од 10-13.

Доминацијата на „црвено-црните“ продолжи и во второто полувреме во кое уште на стартот го зголемија водството на 10-15. Неефикасната серија на домаќините ја прекина Лукас Урбан постигнувајќи го 11 погодок за Татран Прешов во 35.минута.

Избраниците на тренерот Славко Голужа се обидуваа да ја анулираат негативата, но Вардар одолеа на притисокот и со сигурна игра во одбраната ја сочува преднсота и контролата на теренот. Значаен придонес имаше и голманот Дејан Милосављев кој со неколку сигурни одбрани во моментите кога Татран Прешов се обидуваше да ја стопи разликата, им ја отежна работата на домаќините.

На десет минути пред крај, Томас Чип беше прецизен и го донесе Татран Прешов на -2 (21-23), но на спротивната страна брзо возврати Дмитри Кисељев. Неизвесноста во завршницата се зголеми откако Хрстка погоди за 23-24. Голужа се обиде да го скрши отпорот на Вардар со седум играчи во напад и Татран Прешов во 56 минута дојде до изедначување на 25-25. Попушти концентрацијата на вардарци во последната четвртина и се стопи сигурната предност што ја имаа во поголемиот дел од натпреварот.

Борозан со шестиот погодок одново го врати Вардар во предност, но на другата страна урбан од седмерец донесе ново изедначување. Борозан промаши, но потоа прецизен беше Сташ Скубе за ново минимално водство на Вардар од 26-27 во последната минута од мечот. Домаќините го имаа 25 секунди за последниот напад, Томас Чип шутираше, но Милосављев беше на вистинскопто место со клучната одбарна за победа на Вардар.

Вуко Борозан беше најефикасен со шест гола, Игор Карачиќ постигна пет, а Даинис Криштопанс додаде четири гола за Вардар. Добра партија на голот имаше Милосављев со 14 одбрани. Кј татран Прешов прв стрелец беше Лукас Урбан со девет гола.

Се вчитува...