Филип Миркуловски со тимот на Вецлар на домашен терен го победи Мелсунген со 27-22 во натпреварот од 19.коло во Бундес лигата. Македонскиот репрезентативец не се запиша во листата на стрелците во победата на својот тим во кој најефикасен беше Филип Вебер со осум погодоци. Во составот на Мелсунген прв стрелец беше Момир Рниќ со шест гола.Вецлар беше во резултатска предност во текот на целиот натперевар. Уште во првиот дел домаќините се одлепија со шест гола предност (13-7), а позитивата успеаја да ја сочуваат и во второто полуврме.За Вецлар ова е 11 победа сезонава со која тимот на Миркуовски моментно е на седмото место на табелата со 22 бода.Во дербито на двете водечки екипи во Бундеслигата, Фленсбург на домашен терен го победи Кил со 30-29 и се издвои на водечката позиција на табелата со 35 бода, три повеќе од Кил и од Рајн Некар Левен на втората и на третата позиција со тоа што „лавовите“ од Манхајм имаат и еден натпревар помалку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА