Прилепска Победа го доживеа и петтиот едноподруго пораз за време на зимските подготовки, овој пат од косовскиот прволигаш Дрита од Гњилане со 0-3.
Прилепчани по малото оддолжување на стартот на подготовките имаат очајна низа игри и резултати на тест дуелите. Претходно, како што е познато, загубија и од Шкендија, Ренова, и српските Мачва Шабац и Јавор Ивањица.
Вчера, „црвените“ во желбата за освежување на играчките редови се засилија и со 21-годишниот дефанзивен играч од средината на теренот Благојче Спиркоски. Спиркоски кариерата ја започна во 11 Октомври потоа настапуваше за Турново а во Победа доаѓа од второлигашот Еуромилк каде беше стандарден првотимец.
Првиот натпревар од пролетниот дел во сезоната Победа го игра против Пелистер на 14. февруари во Прилеп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА