Македонскиот прволигаш Победа ја заокружи првата фаза од подготовките што ги реализираше во Прилеп и од утре се сели во Охрид. Тренерот Зоран Штерјовски на подготовки ќе носи вкупно 24 фудбалери, а вториот дел од планираната програма ќе се реализира до 5. февруари.
Во оваа фаза од тренажниот процес планирано е одигрување на претходно договорените контролни натпревари. Веднаш по сместувањето, фудбалерите на Победа од 14 часот ќе го одиграат првиот контролен натпревар, а противник ќе биде второлигашот Новаци. В недела на распоред е дуелот со Борац Чачак, на 1. февруари со босанскиот прволигаш Крупа, а на 4. февруари контролен меч со второлигашот Велазерими.
По враќањето во Прилеп ќе се продолжи со тренинзи на техничко-тактички план, а на 9. февруари е закажан пријателски меч со второлигашот Хоризонт Турново. Генералната проба пред стартот на пролетниот дел на првенството на Првата лига, тимот на Победа ќе ја има на 11-12 февруари во Кавадарци на Меморијалниот турнир „Вуко Каров“, каде го брани првото место освоено лани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА