Победа одлучи во Охрид да го пречека Вардар во 21. коло од шампионатот

Прилепска Победа одлучи во Охрид да биде домаќин на Вардар во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига кое се игра в недела на 5. март од 14 часот.

Поради реконструкцијата на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп, „црвените“ се принудени своите домашни натпревари да ги играат по туѓи стадиони. Па, откако во првото пролетно коло беа домаќини на Пелистер во Струмица, сега одлуката е да го пречекаат актуелниот шампион на стадионот „Атина Бојаџи“ во Охрид.

Се вчитува...