Најавеното заминување на Лино Червар на крајот од сезонава и финансиските проблеми кои станаа вообичаени во Металург беа причина многумина да се сомневаат во квалитетите и капацитетите на актуелниот вицешампион. Сепак, само три кола од плејофот беа доволни за Лино Червар и неговите избраници да ги замолкнат злобниците, блеснувајќи во сиот свој сјај.
По Вардар и Пелистер, денеска беше совладан и Охрид, тимот што во пресрет на ова коло беше лидер на табелата, за уште една потврда на потенцијалот на „металурзите“, кои победа по победа не само што си го осигуруваат второто место (кое ќе значи и учество во СЕХА), туку потаен атак на тронот на „црвено-црните“.
Прерано е воопшто да се говори за титула, но никогаш не отпишувајте го Металург.
[new_royalslider id=”587″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА