Прволигашот Победа ја потврди фаворитската улога и ја елиминира екипата на Струга Трим Љум, совладувајќи ја со 1-2 во 1/16-финалето од Купот на Македонија. Последниот осминафиналист ќе биде познат на 5.септември, кога силите ќе ги одмерат Кожув и актуелниот освојувач, Шкендија, која има обврски во европските купови.
Победа поведе во 22.минута со голот на Јорданчо Наумоски од пенал. Претходно, Антонио Каланоски се избори за удар од белата точка за прилепскиот тим.
Стружани израмнија на стартот од вториот дел, но Победа стигна до триумф со голот на Чиназорм Набуезе во 75.минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА