Младинскиот тим на Победа го доби ривалот во младинската Лига на шампиони. На ждрепката денеска, противник на прилепчани ќе биде Колрејн, младинскиот шампион од Северна Ирска.
Победа ќе мора да мине две кола, за да се пласира меѓу најдобрите 16 екипи, и ќе вкрсти со некој од 8-те победници во групната фаза каде што се звучните имиња како Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ…
Натпреварите се играат на 14 септември, кога Победа ќе биде гостин, а реваншот е на 5. октомври на домашен терен.
Доколку излезе како победник од дуелот, Победа во 2. коло ќе игра со победникот од дуелот Генк – Славија Прага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА