Македонскиот прволигаш Победа денеска го имаше последниот тест во пресрет на пролетниот дел од првенството. Реновираниот тим на тренерот Бубања одигра 1-1 против второлигашот Осогово на пријателскиот меч што се одигра на теренот со вештачка трева во Прилеп.
Победа прва поведе на стартот на второто полувреме со голот на Даноски, а Осогово до крајот успеа да го израмни резултатот со голот на Владимир Жоглев во 75. минута.
На стартот од пролетта, Победа ќе го пречека Пелистер во пелагониското дерби за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА