Победа се засили со дефанзивецот Леон Најдовски

Прилепска Победа го ангажираше и четвртото засилување пред новата сезона во Втората лига – Исток, засилувајќи се со централниот дефанзивец Леон Најдовски.

26-годишниот поранешен младински репрезентативец и член на Работнички, Македонија ЃП и Тетекс, е четврто ново име во клубот откако претходно пристигнаа и голманот Ѓорѓи Јовановски, напаѓачот Благоја Наумовски и дефанзивецот Тони Магловски.

Шефот на стручниот штаб на Победа, Тони Мегленски за престојната сезона ќе смета и на Антонио Столевски, Стојанче Дунимаглоски, Христијан Тодороски, Благоја Дамески и Христијан Вецески кои се повратници во клубот.

Се вчитува...