Победа се засили со голманот Тофилоски

Прилепска Победа го ангажира најголемото засилување во македонскиот фудбал во овој зимски преоден рок, со што новото раководство продолжува со стабилизацијата на клубот најавувајќи големи амбиции. Нов чувар на мрежата на прилепчани напролет ќе биде Дарко Тофилоски.

Тофилоски по освојувањето на двете шампионски титули со Победа во сезоните 2003/2004 и 2006/2007 изгради успешна интернационална кариера настапувајќи за Шафхаузен, Кошице, Ружомберок, Дунајска Среда и Алашкерт.

Првиот настап на голот на Победа новиот чувар на мрежата ќе го има попладнево на пријателскиот меч со Јавор.

Се вчитува...