Победа што ветува, но може уште да се напредува (фотогалерија)

Македонската ракометна репрезентација покажа добра игра и заслужено триумфираше над Србија во првиот и единствен официјален контролен меч во пресрет на СП 2019. Изостана најавениот експеримент на Раул и шансата за сите ракометари, нешто што најверојатно ќе се случи на утрешниот „затворен меч“, но затоа играта во поголем дел од денешните 60 минути беше на високо ниво.

Победата и играта се ветувачки, но и на Раул и на ракометарите им е јасно дека има уште простор за напредок, пред се за лимитирање на грешки со кои им се подарија лесни голови на противниците.

Сепак, ова беше прва контрола, а „ел команданте“ сигурно ќе ги препознае проблемите и ќе најде решение за нив во следните седум дена, до дуелот со Јапонија на 11 јануари во Минхен.

Се вчитува...