Реновираниот состав на Победа се уште не функционира според очекувањата на тренерот Бубања. Прилепчани денеска ги заокружија подготовките во Охрид и се вратија во Прилеп, а го одиграа шестиот пријателски натпревар (1-1) ремизирајќи против второлигашот Македонија ЃП. Мечот се одигра на силен дожд, па и двете екипи не можеа да го прикажат најдоброто од себе.
Победа дојде во водство пред самиот крај на првото полувреме со голот на Ивановиќ, откако претходно прилепчани не реализираа неколку изгледни шанси. Во вториот дел, Македонија ЃП успеа да израмни во 60.минута со погодокот на Боби Божиновски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА