Мaкедонските ракометари го совладаа Израел со 31-28 за трет триумф во низа на контролните натпревари во пресрет на европскиот шампионат што за десет дена ќе го стартуваме со дуел против Словенија во Дебрецин.
Јасно е дека селекторот Лазаров се уште ги крие адутите, така денешниот дуел го мина крај аут-линијата водејќи ги со совети своите помлади колеги. Во составот го немаше Пешевски, помала минутажа имаа и Кузмановски и Миркуловски, така што е јасно дека постои простор за значаен напредок.
За утре е закажан и вториот дуел со Израел, последна контрола на нашиот национален тим до почетокот на ЕП 2022, по што ќе следи и „шминкање“ на деталите во играта пред пресметката со Словенците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА