ЕКИПА во Минхен,
Стеван Цаневски
Втор натпревар, втора победа на македонската ракометна репрезентација во Минхен. За разлика од дуелот со Јапонија што го добивме со одличен напад, овојпат пресуди цврстата одбрана на избраниците на Раул Гонзалес.
Радоста е комплетна и бидејќи на дело ги видовме сите ракометари, некој повеќе, некој помалку, но оние најискусните добија можност да одморат пред клучните пресметки, a помладите почувствуваа на терен што значи да се биде дел од мундијалски меч.
Сепак, она вистинското допрва следи, а Македонија се уште не го покажала најдобро од себе. Се уште има простор за напредок, а како што посочи и Кире Лазаров на денешната прес-конференција: „Ова СП за Македонија почнува од утре“. Со битките за влез меѓуте 12-те најдобри репрезентации во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА