Победата на Сутер во спустот во Вал Д’Изер во сенка на тешкиот пад на Шмидхофер

Корине Сутер е победничка на првиот спуст во сезоната во алпско скијање во женска конкуренција кој денеска се возеше во францускиот ски-центар, Вал Д’изер. Швајцарката до победата стигна со време од 1:44.62 минута, што беше за 11 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Софија Гоџија од Италија. Подиумот го надополни Американката Бризи Џонсон која доцнеше 20 стотинки зад времето на победничката.

Целата трка помина во сенка на страотниот пад на Австријката Никол Шмидхофер која со брзина од 115 километри на час ја проби заштитната ограда и веднаш беше пренесена во локалната болница.

Утре на програмата во Вал Д’Изер е втората спуст трка сезонава.

Се вчитува...