Бастијан Швајнштајгер, познатиот германски фудбалер и сопруг на легендарната српска тенисерка Ана Ивановиќ, го прослави успехот на тимот на Пикси во Португалија.
По победата од 1-2, Србија го освои првото место во групата и на тој начин обезбеди директен пласман на Светското првенство во Катар.
„Беше доста импресивно, ова беше феноменален натпревар! Честитки за квалификациите на СП 2022!“, напиша Бастијан Швајнштајгер на својот ‘Твитер’ профил со фотографија на која слави со стисната тупаница на екранот по натпреварот во Лисабон меѓу Португалија и Србија, кој заврши со победа на ‘орлите’.
That was quite impressive 🇷🇸 Fenomenalna igra! Congrats on qualifying for the #WorldCup2022 @FSSrbije 😃👏🏼 pic.twitter.com/GsppBX8uoq
— Bastian Schweinsteiger (@BSchweinsteiger) November 14, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА