Пионерите на Реал Мадрид до девет години изминатиот викенд славеа над Вилаверде Сан Андрес со 31-0, а преубедливата победа предизвика бес кај родителите на децата од поразениот клуб, кои сметаат дека тренерот на кралскиот клуб требал да им даде упатства на своите играчи откако дуелот бил резултатски решен.
Набргу по дебаклот се огласи и поразениот клуб…
„Бесни сме што вакви сутации се случуваат во клучните години на фудбалско развување. Од една страна, големи клубови како Реал Мадрид мораат да применуваат спортска стратегија со која би се избегнал ваков број на голови, а од друга страна, Федерацијата мора да ја реконструира лигата во младински катергории“ – стои во соопштението на Вилаверде.
Дебатата во Шпанија стигна и до тренерот на мадридскиот клуб, Зинедин Зидан кој застана во одбрана на својот колега од младинските катергории.
„Играчите се на терен да играат, а ваков нешто за жал може да се случи. Невкусно е да примиш 31 гол, но тренерот не може да и каже на својата екипа да не напаѓа. Ваквите работи зависат од Федерацијата. Во кошарката кога во младите категории една екипа ќе поведе со 50 разлика, натпреварот е готов. Треба да се најде и слично решение во фудбалот“ – изјави Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

