Доминик Тием пред околу еден месец реши да се повлече од професионалниот свет на тенисот, а во интервју за АТП откри неколку интересни детали од својата кариера.
Тим истакна дека најдобар меч во кариерата му бил против српскиот тенисер, на АТП завршницата во Лондон.
„Победата против Новак Ѓоковиќ во групната фаза на Мастерсот 2019 во Лондон е мојата најголема во кариерата. Поради нивото на игра и квалитетот на тенисот што го пружав, тоа секако беше најдобриот меч во мојата кариера“, изјави Тим.
Ѓоковиќ водеше со 4-1 во тајбрејкот во третиот сет, но освои само уште еден поен до крајот. Како најголем ривал во кариерата го избра Александар Зверев против кого го освои УС Опен во 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

