Победата за Ботас, титулата за Хамилтон

Мерцедес има причина за славје по денешната трка за ГН на САД, откако Валтери Ботас стигна до првото место, но истовремено и Луис Хамилтон ја осигура најновата шампионска титула. Британецот вози извонредно цела сезона, веќе извесно време имаше огромна предност во однос на ривалите, но денешното второ место беше доволно за тој да го осигура најновиот трофеј, вкупно шести во неговата фантастична кариера.

Хамилтон беше блиску и до победата на патеката во Остин, но на пет круга пред крајот Ботас успеа да го мине. Во последните два круга Ферстапен се обиде да го стигне светскиот првак, но Хамилтон одолеа на неговиот налет, па возачот на Ред Бул мораше да се задоволи само со третата позиција на денешната трка.

Четвртото место му припадна на Шарл Леклер, додека Себастијан Фетел поради проблеми со болидот не успеа да ја заврши трката за ГН на Соединетите Американски Држави. Зад Фетел, до бодови на оваа трка стигнаа и Албон, Рикиардо, Норис, Саинц, Гасли и Перез.

Се вчитува...