Копенхаген е вистински хит во Лигата на Европа. Данскиот тим го елиминираше турскиот шампион Башакшехир со вкупни 3-1 и се квалификуваше во четвртфиналето каде ќе се сретне со Манчестер Јунајтед. Тренерот на Копенхаген Стал Солбакен на интересен начин се обиде да ги мотивира своите фудбалери пред најголемиот меч во нивните кариери.
„Ако го победите Манчестер Јунајтед ќе ја добиете мојата премија. Тогаш нема да имате проблеми со пари до крајот на животот“, им вети Солбакен на своите фудбалери.
En ekstra gulerod for en sejr over @ManUtd på mandag ???? / The Manager’s bonus up for grabs on Monday! #fcklive #eldk #uel #mufc pic.twitter.com/JAhdW2LnDS
— F.C. København (@FCKobenhavn) August 6, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА