Победи на Борец и на Работнички во машката одбојкарска лига на Македонија

Во машката Прва лига се одиграа натпреварите од седмото коло во плејоф, односно плеј аут лигата. Специфичен момент е што сите натпревари победниците беа одлучени по четири сета.

Градското дерби во плејоф фазата припадна на Шкендија, која со 3-1 ја победи Лирија .Во некомплетната плејоф фаза каде дерби дуелот меѓу ланските финалисти Струмица и Штип УГД ќе се игра во понеделник, Борец и Работнички очекувано запишаа победи против Сушево и Универзитет во Тетово.

7. КОЛО ПЛЕЈОФ ФАЗА
Борец – Сушево 3:1 (25:13, 23:25, 25:17, 25:21)
Работнички  – Универзитет во Тетово 3:1 (25:13, 25:21, 19:25, 25:15)
Струмица – Штип УГД (09.03.2026) 20:00ч.

7. КОЛО ПЛЕЈАУТ ФАЗА
Весна Пробиштип – Јанта Волеј 3:1 (22:25, 25:14, 25:11, 25:23)
Македонија Џио – Скопје 1:3 (25:22, 18:25, 19:25, 16:25)
Шкендија – Лирија 3:1 (25:19, 25:27, 25:13, 25:15)

Се вчитува...