Германија успеа да се консолидира од поразот од Холандија, совладувајќи ја незгодната Северна Ирска нагости со 0-2. Германците поведоа со голот на Марсел Хастенбергер во 48. минута, а конечните 0-2 ги постави Гнабри во 92. минута.
Холандија по триумфот над Германија, очекувано беше подобра и од Естонија, нагости со 0-4. Бабел во 17. минута донесе водство за лалињата. Во второто полувреме со головите на Бабел во 48. Депај во 76. и Вајналдум 87. Холанѓаните стигнаа до конечните 0-4.
Белгија е на чекор од пласман на Еврошампионатот, откако и во шестиот меч во квалификациската И група забележа шеста победа, овојпат на гостувањето кај Шкотска 0-4. Победникот беше решен уште во првото полувреме со головите на Лукаку 9. Вермален 24. и Алдервилд 32. минута, сите по асистенција на Кевин де Бруин. Одличната партија Де Бруин ја заокружи со гол во 82. минута.
Тешка победа забележа и Русија која со минимални 1-0 на домашен терен го совлада Казахстан.
Резултати евроквалификации:
Летонија – МАКЕДОНИЈА 0-2, Полска – Австрија 0-0, Словенија – Израел 3-2, Естонија – Холандија 0-4, С.Ирска – Германија 0-2, Шкотска – Белгија 0-4, Русија – Казахстан 1-0, Унгарија – Словачка 1-2, Сан Марино – Кипар 0-4 и Азербејџан – Хрватска 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА