Грчките гиганти Панатинакос и Олимпијакос стигнаа до победи со кои се заокружи 20. коло во кошаркарската Евролига.
Зелените од Атина ја совладаа литванската гордост со 96-94. Клучна беше третата четвртин во која домаќините успеаја да се одлепат и да стигнат до значајна предност која и покрај одличниот последен период на гостите успеаја да ја задржат до самиот крај. Тајрис Рајс со 20 поени беше прво име кај зелените од Атина, додека кај гостите се истакна Валкуп со 16 поени.
Олимпијакос без поголеми проблеми се справи со Баерн Минхен, совладувајќи го со убедливи 89-72. Три четвртини Германците и држеа „егал“, но падот пристигна во последната четвртина во која Грците, буквално погодуваа од секоја можна позиција и успеаја да постигнат неверојатни 35 поени. Тимската игра беше клучна во победата на Олимпијакос, во кој дури шест кошаркари завршија со двоцифрен учинок, а најдобар меѓу нив беше Везенков со 20 поени. Лучиќ и Бреј со по 15 поени беа единствени расположени кај поразените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА