Победи за Далас и ЛА Лејкерс – Дурент постави нов рекорд во НБА, Леброн го запиша 101. трипл дабл!

Сан Антонио се врати на победите, откако на домашен терен го победи тимот на Њу Орлеанс. Кошаркарите на Спарс ја добија последната четвртина со 14 разлика и со пресврт го добија мечот (112-97).

Одлична партија имаше Австриецот Јакоб Пелтл, центарот на Тексас го заврши мечот со 24 поени, 12 скока, 24 поени постигна и Дерик Вајт. Дурент е човекот на вечерта, постигна 51 поен, најмногу од сите играчи сезонава, а на овој начин му донесе победа на Бруклин во Детроит.

За првпат сезонава Далас успеа да победи без Дончиќ. Џејлен Бренсон беше стартер, одигра добар натпревар во Оклахома и запиша 18 поени. Тимот од Тексас е со 50% успех (13-13). Леброн уште еднаш покажа дека е неверојатен, а овој пат успеа да направи рекорден трипл-дабл против Орландо. Станува збор за спортист кој е многу витален за своите 37-години, а тој за медиумите откри дека тајната на успехот е во сонот, дека добро спиел по враќањето од Аризона, но и дека неговиот син и училишниот тим му се инспирација. Ова беше 101. трип-дабл за Леброн.

Останати резултати:

Детроит – Бруклин 104:116

Оклахома – Далас 84:103

Сан Антонио – Њу Орлеанс 112:97

Портланд – Минесота 111:116

ЛА Лејкерс – Орландо 106:94

Њујорк – Милвоки 97:11

 

 

Се вчитува...