Победи за Леванте и за Наполи, Јувентус триумфално со Чезена (ВИДЕО)

Леванте победи со 3-1 на пријателскиот натпревар против француски Рен, на мечот на кој македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра второто полувреме за својот тим.

Леванте до победата дојде во првото полувреме кога беа постигнати сите три погодоци.

Наполи, пак, славеше со 1-0 против нисколигашот Про Верчели со голот на Осимхен во 26. минута од средбата. Новиот стратег на наполитанците, Спалети се одлучи на овој меч шанса да им даде на фудбалерите со помала минутажа. Елиф Елмас доби одмор за овој натпревар.

Јувентус ја победи Чезена со 3-1. Де Винтер и МекКени беа стрелци за „Старата дама“ во првото полувреме, а во вториот дел за конечни 3-1 погоди и 18-годишниот Аргентинец Матијас Соуле.

View post on imgur.com

 

Се вчитува...