Женската ракометна репрезентација на Македонија со денешното издание и убедлива победа против Исланд покажа квалитет во одбраната и триумфален карактер, нешто што им недостигаше на „црвено-жолтите“ во минатото и што е најава за посветла иднина на женскиот национален тим.
Избраничките на Симовски во првото полувреме имаа речиси 13 минути без постигнат погодок, но не се „распаднаа“, напротив, блеснаа кога им беше најтешко, па предводени од феноменалната Сара Ристовска не само што направија пресврт, туку на крајот и триумфираа со убелдиви 24-17.
Ако се знае дека Исланд важеше за главен ривал во групата, се чини дека пласманот во баражот не би требало да биде доведен во прашање. Победничкиот карактер пак ветува дека „црвено-жолтите“ нема однапред да се предадат во тие битки за пласман на СП, со надеж дека по повеќегодишна пауза повторно ќе бидат дел од големите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА