Филип Талески со Рајн Некар Левен ја запиша деветата победа во десет одиграни натпревари во Бундес-лигата. Актуелниот шампион славеше на гостувањето против Магдебург со 29-32 .
Речиси во текот на целиот натпревар, Рајн Некар Левен доминирапше на теренот и одржуваше сигурна предност. На полувремето заминаа со водство од 11-15, а потоа во ист ритам го одиграа и вториот дел и триумфот во ниеден момент не беше загрозен.
Филип Талески имаше еден шут кон противничкиот гол, но не успеа да се запише во листата на стрелците. Најефикасни кај Рајн Некар Левен беа Гудјон Валур Сигурдсон и Енди Шмид со по седум гола гола, а пет додаде Патрик Грецки.
Победата против Магдебург за Рајн Некар Левен беше добро загревање пред продлжението на групната фаза во Лигата на шампионите. Во натпреварот од 6.коло во групата А, „лавовите“ на 5 ноември му гостуваат на Пик Сегед.
Победа во вечераниот дуел во Бундес-лигата, славеше и Филип Миркуловски со тимот на Вецлар кој на домашен терен беше подобар од Ерланген со 26-23 . Ни Филип Миркуловски не се запиша во листата на стрелците на овој натпревар, а најефикасни во домашниот тим беа Јаник Колбахер и Александер Херман со по шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА