Победнички почеток на 2022: Милан ги спакува Рома и Жозе Мурињо на „Сан Сиро“

Во првиот натпревар од новата година, Милан влегува во нова победничка низа откако славеше на „Сан Сиро“ против Рома со 3-1 во 20. коло. Милан рано стигна до предност од два гола по што избраниците на Жозе Мурињо успеаја да ја намалат, но откако останаа со играч помалку шансите на гостите се сводоа на минимум.

Жиру реализираше пенал во 8. минута за 1-0, а до 2-0 „росонерите“ стигнаа веќе во 17. минута преку Месиас. Абрахам намали на 2-1 во 40. минута по што овој резулат остана на семафорот и до крајот на првото полувреме, а откако Карсдорп го заработи и вториот жолт картон во 74. минута, Леао ја осигура победата со гол во 82. минута.

До крајот на мечот Милан можеше и да ја зголеми предноста откако Манчини направи прекршок за црвен картон во шестнаесетникот во третата минута од судиското продолжение, но Ибрахимовиќ не успеа да го реализира истиот.

Со овој триумф Милан ја продолжува битката за првата позиција со градскиот ривал Интер со 45 освоени бода по 20 одиграни натпревари.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...