Победнички старт на Австралија Опен за Рафаел Надал

Бранителот на трофејот на Австралија Опен, Рафаел Надал имаше победнички почеток на првиот гренд-слем турнир во сезоната. Шпанскиот тенисер славеше со 3-1 (7-5, 2-6, 6-4 и 6-1) против незгодниот Џек Дрејпер и закажан дуел во второто коло.

Таму за противник ќе го има Американецот Мекдоналд кој во пет сета славеше против сонародникот Накашима.

Фаворитите ја оправдаа улогата на првиот ден од турнирот и следната фаза се пласираа и: Керундоло, Синер, Етчевери, Ван де Заншулп, Муте, Шенг, Ватануки, Хуркач, Корда, Нишиока, Шаповалов, Грикспор, Хачанов, Тиафоре, Даниел, Лехечка, Сонего, Кублер и Сврчина.

Се вчитува...