Наташа Андонова го одигра и својот прв натпревар во дресот на Пари сен Жермен, откако најдобрата македонска фудбалерка се појави во тимот на францускиот гигант на денешниот прволигашки дуел против екипата на Сент Етјен.
ПСЖ рутински ја доби оваа пресметка со убедливи 4-0, а Андонова влезе во игра на стартот на второто полувреме, откако нејзиниот тим во првите 45 минути стигна до предност од 3-0. Македонката го зазеде местото на Бокет и се прикажа во добро светло, но не успеа дебито да го круниса и со погодок.
Конечните 4-0 ги постави Дели со својот втор погодок во самиот финиш од средбата. Само за потсетување, Наташа Андонова пред десетина дена потпиша договор со ПСЖ откако претходно имаше одлични настапи во дресот на шведскиот прволига Розенгард, тим со кој Македонката играше и во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА