Маурицио Покетино имаше победничко деби како селектор на САД откако Американците триумфираа со 2-0 на натпреварот со Панама одигран во Остин, Тексас.
Во главна улога беа фудбалерите на Милан, Јунус Муса го отвори резултатот на почетокот од второто полувреме на асистенција на клупскиот и репрезентативен колега Кристијан Пулишиќ.
Американците потоа рутински ја одржуваа предноста, заво судиското продолжение да постигнат и втор гол преку напаѓачот на ПСВ Ајндховен, Рикардо Пепи.
Следен предизвик за Покетино ќе биде дуелот со Мексико закажан за вторник во Гвадалахара.
🔴⚫️ Christian Pulisic encore décisif sur cette passe D pour Musah ! 🇺🇸 pic.twitter.com/da41YIGCNJ
— Actualité – Serie A (@ActualiteSerieA) October 13, 2024
pepi goal at the very last minute. I love this sport pic.twitter.com/wvFgIFHEfF
— ًًً (@_captainpulisic) October 13, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА