Победничко деби за Јани Атанасов во дресот на Пушча (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов со победа дебитираше за својот нов клуб во полскиот шампионат Пушча Њеполомице.

Во 22. коло од најсилната лига на Полска, Пушча дојде до повеќе од значајна победа од 0-2 на гостувањето против Лехија во Гдањск, против директниот конкурент за опстанок во елитното друштво.

Јани Атанасов откако пред само неколку денови пристигна во Пушча, денеска го одигра го целиот натпревар во средниот ред на својот но тим. Учествуваше и во акцијата за првиот гол на гостите во 18. минута кој го постигна Мрозински. Во 61. минута од пенал погоди Кракун за конечна победа од 0-2.

Се вчитува...