Третата победа во квалификациите и пласманот во баражот за СП 2019 македонските ракометарки ја овековечија со победничко селфи. Долго чекаа нашите девојки на ваква радост и го дочекаа моментот. Со перфектни три победи, супериорно го освоија првото место во групата и втор пат по ред ќе играат бараж за пласман на СП!
Само два натпревари ги делат македонските ракометари од големиот сон. Кој сега и не е веќе така далечен како пред две години во оние два бараж дуели со Шведска.
Одиграа девојките со срце и со глава во овие три дена, ги заслужија победите и баражот и со право им се израдуваа. И конечно, и за нив одекна „Ова е земја на шампиони“ во „Борис Трајковски“.
Нека продолжи радоста и победите и во јуни во баражот!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА