За нешто помалку од еден час игра Манчестер сити и Севилја ќе се сретнат во Суперкупот на Европа кој се игра арената „Караискаки“ во Атина.
Најскапиот дефанзивец на денешницата Јошко Гвардиол за првпат ќе биде стартер за својот нов клуб, а во одбраната на Сити друштво ќе му прават Аканџи, Вокер и Аке. Местото на Кевин де Бруин во стартниот тим на европскиот шампион ќе го заземе Матео Ковачиќ.
Од друга страна Севилја ќе го нападне тимот на Пеп Гвардиола со Окампос, Ламела и Ен Незири.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

