Почетокот на финалето во Купот доцнеше поради проблем со ВАР системот

Почетокот на финалето на Купот на Македонија не почна навреме. Доцнеше осум минути поради проблеми со ВАР системот.

Играчите, судиите и официјалните лица излегоа на терен, беше се подготвено за старт, меѓутоа неочекувано наиде на проблеми со комуникацијата со ВАР собата, па затоа мораше да се почека да се среди проблемот.

Откако се среди, потоа и судијата Стојчевски имаше мал проблем со уредот за комуникација, па така финалето почна со задоцнување.

Согласно претходните најави, на овој меч има ВАР систем, кој се очекува да биде имплементиран на натпреварите од Првата лига идната сезона.

Се вчитува...